Став

Обраќање на Поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Свечениот научен собир во МАНУ на тема

„Современатамакедонска држава-две етапи во процесот на нејзиното формирање иразвој:1941-1991/1991-2021 година“

Почитувани Претседатели, почитувани дами и господа,

            Одбележувањето на 30 годишнината од создавањето насамостојна и суверена Република Македонија е извонреден повод за една сериозна,објективна, ослободена од било какви предрасуди истереотипи анализа за тоа што е постигнато, а што пропуштено, кои се успесите,а кои грешките во изминативе 30 години и кои се поуките кои, врз основа на тие искуства, можеме како држава иопштество да ги извлечеме.

Истовремено овој значаенјубилеј, што е уште и поважно, претставува обврска да се соочиме со реалностакаде се наоѓаме денес, кои се нашите стратешки цели за иднината и кои сеполитиките за нивно остварување.

Почитувани, на 8ми септември1991вагодина македонскиот народ  и граѓаните на Република Македонија,плебисцитарносе одлучија за сопственанезависна држава. Нотоа беше само почеток на еден долг и трнлив пат со многу ризици и предизвици. Таа независна држава требаше допрва да се гради. Дасе создаде сопствен безбедносенсистем, своја македонска армија, сопственмонетарен систем, своја Централна банка, сопственадипломатија, сопствена Царина и уште цела серија институции, чии функции дотогаш беа под надлежност на поранешната Југословенска федерација.

Во истиот период требаше да семенува целокупниот политички систем. Повеќепартизмотбеше воведен претходно, но допрва требаше да се менува скоро целокупнотозаконодавство, да се создаваатинституционални структури иманентни за едно демократско општество, да се либерализирамедиумската сфера, да се создаде основа за развој на граѓанскиот сектор.

Како држава и како општество се решивме да ја напуштимесамоуправната и да градиме пазарна економија, вклучително и со трансформацијана општествениот капитал.

Значи сето тоа истовремено и сето тоа соисклучително лоша стартна основа и со екстремно негативно опкружување.

Југословенската федерација сераспадна на најлошиот можен начин, со крвави, повеќегодишни меѓуетнички и меѓурелигиски војни со огроменризик да се прелеат и на наша територија.

Најголемите наши индустрискикомбинати и претпријатија беа директно зависни од југословенскиот пазар којповеќе не постоеше, што предизвика затворањена дел од капацитетите и сериозни штети на вкупното стопанство.

За да полесно се разбере којани беше почетната база ќе дадам еден податок: одлуката за монетарноосамостојување ја донесовме со само 3 милиони долари девизни резерви и сонаследен долг кон странство од 1 милијарда и 140 милиони долари и внатрешендолг кон девизните штедачи од 1,082 милиони долари! Заради спорот со Грција околууставното име на нашатаземја, Република Македонија влезе воподолг период на меѓународнаизолација.

Европскиот совет на тогашЕвропската заедница, денес Европската унија, на 27 јуни 1992 година ја донесетака наречената Лисабонска декларација според која нашата држава нема да бидепризнаена се додека во нејзиното име биде вклучен терминот „Македонија“.

На 16ти февруари 1994тагодина, со цел да се предизвика прво економска, а потоа и политичка капитулацијана Македонија, Република Грција воведе целосно ембарго на нашата јужна границакое траеше се до 13 септември 1995та година. За да ситуацијата биде уштеполоша, Советотза безбедност на ООН, на 30ти мај 1992 година воведе санкции против СојузнаРепублика Југославија кои траеја се до 14ти септември 1996та  година.

Значи двете од четирите нашиграници, нибеа целосно затворени и тоа токму оние преку кои бевме единствено железничкиповрзани со светот. Последицитеврз нашата економија беа катастрофални. Повозрасните добро се сеќаваат дека вотој период на бензинските  пумпи не сечекаше со автомобили туку со канти и шишиња во рацете. Имаше денови кога немашегориво ниту за болничките и полицискитевозила, а камоли за граѓаните или стопанските субјекти.

И сето тоа го издржавме. И несамо што го издржавме туку истовремено изградивме држава со сите атрибути. Го сочувавмемирот, ја пробивме меѓународната изолација (да потсетам, во еден моментдојдовме до тоа да 2/3ни од земјите членки на ООН и 3 од 5те постојани членкина Советотза безбедност: САД, Русија, Кина не признаа под уставното име РепубликаМакедонија),ја победивме хиперинфлацијата, исоздадовме стабилна валута, создадовмемакедонска армија, македонска дипломатија, македонски институции во сите сфериод општествениотживот.

Почитувани, посебно се задржавна случувањата од деведесеттите години, затоа што кога денес се говори за тојпериод вообичаено се користи терминот „транзиција“ во негативна смисла,сведувајќи ги сите тие процеси што во тоа време се одвиваа на еден единствен-приватизацијата.

Во Југославија уште преднејзиниот распад (како впрочем и во цела Источна и Централна Европа) се донесеодлука да се напушти социјализмоти да се гради капитализам. Соодветнона тоа отпочна и приватизацијата на општественатасопственостспоред таканаречениот закон на Анте Марковиќ. Еден добар дел од македонскитепретпријатија го отпочнаа процесот, а некои успеајаи мнозински да се приватизираат според тој закон уште  додека бевме во рамките на Југословенскатафедерација.

По осамостојувањето воМакедонија се донесе закон за приватизација кој во основа беше продолжување назаконот на Анте Марковиќ. Клучноторешение во тој закон беше дека сите вработени во општествените претпријатија можат, соголеми попусти во зависност од должината на работниот стаж и со можност наплаќање на повеќе рати да станат сопственици на акции во своите фирми.

И тоа во тој момент, во тиеоколности изгледаше праведно. Јасденес можам да набројам  низа фирми вокои вработените се стекнаа со акции кои вредеа и вредат значајни суми пари икои им претставуваа значајна финансиска сигурност и потпора.

За жал, многу често тоа небеше случај. Големите аномалии настанаа во пост-приватизациониот период.Во многу претпријатијавработените под притисок и уцена, во страв да не ги изгубат работните места гиотстапуваа своите акции по минимална вредност па дури и без пари на менаџерските структури.

Едноставно, не создадовмеефикасен механизам за заштита на интересите на малите акционери и тоа бешеголема грешка. Губењето на работните места во многу поголема мера се должеше набројните стечаи отколкуна приватизацијата.А стечаи имаше и заради субјективни слабости , но и поради објективни околности(изгубените пазари, блокадите, немањето на кредитна поддршка да се одржи производството и сл.).

Во секој случај, се направијакрупни грешки. Со денешниве сознанија и искуства, со оваа памет, сигурно декамногу работи јас лично би ги направил сосема поинаку. Но за жал, како во приватниот живот такаи во политиката времеплов непостои. Безразлика што ниедна од тогашните одлуки не беше донесена со лоши намери,тукуверувајќи во тие и такви тогашни околности, дека се правилни, од денешен аспектгледано негативните последици мора да се признаат.  И за успесите кои беапостигнати но и за грешките кои беа направени во периодот додека бев Премиерносам целосна одговорност.

Почитувани претседатели,почитувани учесници на овој собир,

Сметам дека како поранешенПремиер и Претседател на Република Македонија имам право но и обврска  да проговорам, барем во кратки црти, затоа каде според мои согледувања се наоѓаме денес како држава и кои сеполитиките кои што треба да ги спроведуваме во иднина.

Ќе почнам со едно од прашањатаод стратешки интерес за нашата земјаЕвро-атлантскитеинтеграции. Веднаш по стекнувањето на независноста во Македонија се постигна широкопштествен консензус дека нашата иднина е во НАТО и ЕУ.

За жал и покрај исполнатитеуслови уште пред 13 години, заради спорот со Грција ниту станавме членка наНАТО ниту ги отпочнаме преговорите со ЕУ. Ни беше најавено, па дури игарантирано дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори 2те врати.

За жал испадна дека не е така.Станавме членка на НАТО, но заради позициите на Бугарија не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.

Восекој случај јас не би ставил знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор соГрција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку еднапричина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уштепомалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешкоотворено прашање. Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту еднопрашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за целасерија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиотнационален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен.

Јасби сакал да ја искористам оваа прилика и да отворам уште една тема околу нашетоевропско интегрирање. Мантра која постојано ја слушаме од страна на актуелнитеполитичари во нашата земја е: „Полноправното членство во ЕУ е нашата единственаопција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме заплан Б.“ Го поставувам прашањето, а што ако не заради нас, не затоа што ние несакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да гиисполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да немапонатамошно проширување, на пример затоа што ваква каква што е со постојнитечленки е недоволно функционална и ефикасна, дека евентуално нови членкидополнително ќе го усложнат и онака премногу компликуваниот начин на одлучувањеи креирање на заеднички политики? А такви размислувања во рамки на Унијата веќеима.

Штово тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива? Ќе сесамоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава? Или мора да најдеме алтернатива!

Иведнаш да појаснам за да не биде погрешно разбрано. Јас алтернатива не гледамни на исток ни на далекиот исток. Моето прашање е дали во тој случај имамесопствен општествен капацитет, политичка волја и јасна визија да се одржиме иразвиваме како суверена држава и без полноправно членство во ЕУ?

Далисме способни и волни да ги спроведуваме неопходните реформи во сите области, незатоа што тоа Брисел ни го наметнува, туку затоа што тоа ни е потребно нам, нанашите граѓани, за да живееме подобро, во подемократска, економски поуспешна,во правно посигурна, поправедна држава?

Заремнекој од Брисел треба да ни каже дека законот треба да важи подеднакво за сите,судството да биде независно, медиумите слободни, дека корупцијата е зло кое аконе го совладаме ќе не уништи?

Аконашата главна идеја водилка е: „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“, тврдам деканиту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме. Зарем не е логично дека никој однадвор не може да биде повеќе заинтересиран од нас самите во каква држава ќеживееме и каква држава ќе оставиме на нашите деца и внуци.

Паако е логично што не попречува така да се однесуваме кон сопствената земја? Имаповеќе причини, но заради ограниченото време, јас ќе се задржам само нанеколку, според мое мислење, клучни:

1.Македонијае корумпирана држава.

Вокорумпирана држава нема еднаквост пред законот, нема правда, нема доверба восудството. Во корумпирана држава нема фер пазарна економија каде ќе одлучуваквалитетот, а не „подмачкувањето онаму каде што треба“. Во корумпирана државанема квалитетно образование каде што дипломите ќе се заслужуваат, а нема да секупуваат. Во корумпирана држава нема ниту квалитетно здравство, ниту ефикаснаадминистрација, ниту елементарна доверба во институциите.

Ишто е најважно, во корумпирана држава нема и не може да има доминантно прифатенсистем на морални вредности кој ни е неопходен за да се активира целокупниотопштествен потенцијал за да се пробуди надеж, да се искористи расположливотознаење и енергија да исчекориме напред.

2.Македонијае внатрешно длабоко поделена и конфронтирана држава. Во Македонија не е можнода се изгради консензус околу ниту едно стратешки важно прашање. Политичкитепартии меѓусебно не се гледаат како конкуренти, туку како непријатели кои требада се уништат не бирајќи средства.

Изборите,без разлика од кој вид, не се третираат како фер натпревар кој е подобар, тукукако гладијаторска борба во која победникот добива се, а поразениот ништо.

Јассум длабоко уверен дека вака внатрешно конфронтирани, раскарани и замразени,неспособни ниту да седнеме на иста маса, а камоли за нешто да се договориме,немаме никакви шанси даја направиме Македонија поуспешна, попросперитетна, посакувана во неа да сеживее и во неа да се верува.

3.Македонијае држава која живее на кредити. А постои една изрека „кој живее на кредит,умира на рати“. Еве неколку податоци:

-Во2001ва година бруто надворешниот долг (значи вкупниот долг, и на државата и наприватниот сектор) изнесувал 1 милијарда и 494 милиони долари. Во 2011та годинабруто надворешниот долг пораснал на 6 милијарди и 271 милион долари. Денес, во2021 година тој изнесува фантастични 11 милијарди и 545 милиони долари. За 20години, бруто надворешниот долг пораснал за повеќе од 10 милијарди долари.

Пакаде завршија тие пари и што е уште поважно, како ќе се враќаат тие пари? Далиовие кредити се искористија за пропорционален раст на бруто домашниот производ?Не!

Дализавршија во развиена патна, железнича, енергетска инфраструктура? Сосема малдел!

Далисе искористија во подигање на квалитетот на јавното здравство, наобразованието? Прашајте ги граѓаните и ќе ви одговорат дека состојбите на овојплан се дури и полоши отколку пред 10 или 20 години. За жал, голем дел од овиесредства завршија во апсолутно непродуктивни трошоци и проекти.

Кадеможе да се евидентира забележителен раст?

Кајбуџетот на РМ:

Во2004та година тој изнесувал 1 милијарда и 100 милиони евра.

Во2010та година тој изнесувал 2 милијарди и 400 милиони евра.

Во2016та година тој изнесувал 3 милијарди евра.

Денес,во 2021 година тој изнесува 4 милијарди и 300 милиони евра.

Имазначителен раст уште во една област- во бројот на вработени во јавниот сектор.

Во2010 година тој изнесувал 173.469, а денес, последниот податок за 2021ва годинае 197.530 лица или за повеќе од 24.000 вработени.

Даскратам, вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќепукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат.

ПочитуваниПретседатели, почитувани дами и господа,

НаМакедонија и е ургентно потребна една национална платформа околу која ќе сепостигне широк општествен консензус и ќе биде задолжителна за спроведување засите, без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, се додека клучните работине бидат доведени во ред.

Платформасо која ќе се дефинираат начините и средствата за справување со корупцијата.Според мене, треба да се почне со елиминирање на коруптивното финансирање напартиите. Ако со помош на корупција се освојува или сочувува власта, немаменикакви шанси да ја победиме корупцијата во државата.

Подитно ни е потребен еден строг ригорозен Закон за потекло на имотот кој ефикаснои неселективно ќе се применува за секого без исклучок.

Платформаво која ќе се дефинира план и временската рамка за  спроведување за рационализација наадминистрацијата и јавниот сектор во државата.

Платформаво која ќе се дефинира политика и рокови за намалување на вкупниот надворешендолг на државата на подносливо ниво.

И,што е можеби и најважно бидејќи се однесува на генералната стратегија надржавата: да работиме упорно и посветено, да направиме се во рамките на нашитеможности да ја постигнеме нашата стратешка цел-полноправно членство во ЕУ.

Но,истовремено како одговорни луѓе да работиме и да имаме план кој ќе биде дел одоваа платформа со кој ќе и обезбедиме сигурна и просперитетна иднина надржавата и ако членството во ЕУ не е можно.

Којда ја подготви таа платформа, тој документ, тој нов општествен договор? Дали сетоа релевантните политички партии? Тоа би било идеално, но реално гледаномислам дека со ваквите нивни меѓусебни односи тоа не е можно. Дали таковдокумент може да биде подготвен и наметнат од надвор? Ниту сме таков приоритет,ниту кај нив постои интерес за такво нешто. А би било и понижувачки.

Јакористам оваа прилика да апелирам до МАНУ, до Универзитетот, до Стопанската комора,до Вас Претседателе Пендаровски, како натпартиска и обединувачкаинституција-покренете таква иницијатива! Откако ќе се заокружи документот требада им се понуди на политичките партии кои доколку го прифатат ќе станезадолжителен за нив во нивното делување.

Каковќе биде нивниот одговор јас не знам. Но знам дека вреди да се обидеме и декатакво нешто и е потребно на Македонија.

Почитувани,има една реченица која многу често ја слушам во последно време и која многутешко ми паѓа. А тоа е: „не нé бива ниту ќе нé биде како држава“. Уште повеќеме погодува затоа што знам дека нé бива и дека можеме. Клучно прашање е далисакаме. Ако искрено, ама навистина искрено сакаме и целосно се вложиме заостварување на таа цел, тогаш и ќе нé биде. Крајно време е тоа и да гонаправиме. 

Претходни текстови

Обраќање на Поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Свечениот научен собир во МАНУ на тема

понеделник, 27 септември 2021

Обраќањена Поранешниот претседател Бранко Црвенковски

наСвечениот научен собир во МАНУ на тема

Ќе почнам со едно од прашањатаод стратешки интерес за нашата земја, Евро-атлантскитеинтеграции. Веднаш по стекнувањето на независноста во Македонија се постигна широкопштествен консензус дека нашата иднина е во НАТО и ЕУ.