Политика на приватност

Прибирањето на сите податоци од интернет – страницата на Поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски е во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Сите податоци кои ќе ни ги доставите ќе се користат со голема одговорност и максимална сигурност и само за конкретната намена, на пример за испраќање на одговор во електронска форма, на претходно поставено прашање.

Администраторскиот тим на интернет - страницата на Поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Администраторскиот тим на интернет - страницата на Поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, ќе ги користи вашите лични податоци како: име, поштенска адреса,  адреса на е-пошта и професионални информации само за процесирање на вашето прашање, коментари или пак дадени предлози до Кабинетот на поранешниот претседател.

Секое физичко лице кое ги дава личните податоци има право да побара личните податоци кои ги обработува интернет - страницата на Поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски да не бидат пренесени на трети лица.

Секое физичко лице има право со писмено барање да оствари увид во збирката на лични податоци, со претходно наведување на податоците од збирката со кои сака да се запознае и има право да бара нивна исправка или бришење, доколку е тоа неопходно.

Секое физичко лице кое смета дека му е повредено некое право загарантирано со Законот за заштита на личните податоци може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото до Дирекцијата за заштита на личните податоци.

COOKIES

Интернет - страницата на Поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски не користи какви било cookies.

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Доколку има некои промени во нашата политика на приватност, тие ќе бидат објавени на оваа страница.

КОНТАКТ

Доколку имате прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци ве молиме контактирајте нè.

КАБИНЕТ НА ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Р. МАКЕДОНИЈА

ул."Огњан Прица" бр.1
1000 Скопје
Тел. 02/3101-301,02/3101-303