„Делото и доблеста на сите оние кои ја поднесоа најголемата жртва за сопствената држава секогаш ќе служат за пример на сегашните и идните генерации кои ќе го имаат истиот завет и задача пред себе – да ја сакаат и сочуваат Република Македонија.”
Охрид, 18 август 2006 год.
„Тоа што еден народ и една држава ја води напред не е сомнежот, туку вербата и довербата. Не е стравувањето, туку храброста и подготвеноста да се преземе ризик. Не е омразата и поделеноста, туку единството и заедништвото.”
Пелинце, 2 август 2004 год.
„Длабоко сум убеден дека нашата различност е нашата најголема вредност и дека секој од нас, без оглед на големината на земјата, нејзиниот степен на развој и географската лоцираност, може да понуди вреден придонес.”
Њујорк, 25 септември 2008 год.
ул."Огњан Прица" бр.11000 СкопјеТел. 02/3101-301,02/3101-303 e-mail: contact@expresident.gov.mk