„Записи за едно време“

Погледнете ја кратката содржината на книгата на
следниот линк

Поставете прашање

Поставете прашања или испратете коментари и предлози до Кабинетот на поранешниот претседател.

Почитувани,

Основната вредност на демократијата е правото, но, и одговорноста на секој граѓанин да учествува во создавањето на подобра и посреќна иднина за себе, сопственото семејство и својата земја. Вложувањето во Македонија како земја на рамноправни и просперитетни граѓани, целосно интегрирана во светот, не познава почеток и крај.

Оваа веб страница сакам да ја разберете како уште еден форум за јавна демократска дебата за најважните современи и идни предизвици пред кои сме исправени. Искрено се надевам и очекувам низ транспарентен и цивилизиран дијалог да ги размениме нашите идеи, предлози и решенија за сите прашања и процеси од кои зависи нашиот заеднички напредок. На сите оние кои ќе сакаат да се информираат за моите политички активности, но, во исто време и да проговорат за вредностите и доблестите како темел на заедничкото живеење им посакувам искрено добредојде.